
Најдобрите 12 борачи кои ја предводат Боречката репрезентација на Македонија до 15 години предводена од селекторот Марјан Христов И тренерот Бејтула Алими ги завршуваат 10 денвните подготовки пред престојното Европско првенство кое почнува на 16 јули во Загреб-Хрватска. Последните денови од напорните подготовки кои тренираат по три пати во денот ги завршуваат на базенот АКВА Бела Ресортот во Штип.
„Сакам да се заблагодарам на Федерацијата што ни овозможија подготовки во Штип. Децата ги издржаа тренинзите по три пати на ден. Добро е тоа што досега немаат никаква повреда и се спремни за добри резултати“ истакна Бејтула Алими-тренер
Селекторот на Боречката репрезентација до 15 години е задоволен од поготовките, а од претсојното Европско првенство очекува успешни резултати
„Успешно ги поминавме подготовките, се надевам дека ќе имаме супер резултати на Европското првенство. Децата се послушни и имаат желба за медал“ истакна Марјан Христов-селектор
Освен Христов и Алими задоволството од поготовките и она што ќе следува не го криеа ниту борачите. Некои од нив ќе настапуваат за прв пат.
После Европското превенство следен предизвик за боречката репрезентација ќе биде Балканијадата во Романија во месец октомври.
Никола Арсов М-Нет