
Пуштено во употреба спортското игралиште во населбата Кадидере во Штип. По неколку недели градежни активности, кои започнаа на почетокот на месецов, денес беше промовирано од страна на градоначалникот Јорданов, директорите на јавните претпријатија и советници од Општината. Целта е, како што вели Јорданов, да се поттикнат сите генерации да спортуваат и да бидат физички активни.
„Во населбата Кадидаре, на ул. „Личка“, одлучивме во изминатиов период да го направиме ова фудбалско игралиште со подлога со вештачка трева, затоа што затекнавме едно руинирано игралиште кое со години беше запоставено, уништено, неодржувано. Одлучивме да инвестираме затоа што имаше барање и потреба од околните жители. Одлучивме да го направиме ова преубаво место за рекреација и спортување на сите генерации и, еве, денеска сме овде свечено да го пуштиме во употреба. Се надевам дека ќе биде во корист на сите дечиња, на сите рекреативци и спортисти коишто ќе го користат. Тоа е нашата цел“, истакна Јорданов.

Игралиштето претходно е изградено и уредено од штипска општествено – одговорна компанија, а денес беше модернизирано од истата компанија во соработка со Општина Штип. Освен уредување, игралиштето добива и целосно осветлување. Станува збор за инвестиција вредна 1,5 милони денари.
Ребека Спасова М-Нет