Женски Куп на Македонија: Штипски Астибо против Куманово, братенилот Ѓорче Петров со Деспина

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се оддржа извлекувањето на паровите од Куп натпреварувањето во женска конкуренција.

Формирани се четири групи со по четири екипи. Во група А ќе Спартак ќе игра со Шампион, Металург Автокоманда против Стружанка.

Во групата Б штипски Астибо против Куманово во дерби меч, Чаир против Ѓорче Петров 2.

Во групата В екипата на Скопје како голем фаворит ќе се соочи со Гевгелија, а пак бранителот на Куп титулата Ѓорче Петров ќе игра против Деспина.

Во групата Г Пелистер како голем фаворит ќе игра против Овче Поле, а Вардар на првиот меч е слободен.

Според системот на игра победниците од двата натпревари во секоја група ќе се соочат меѓусебно и победникот на групата патува во полуфиналето.

Александар Ванев, М-Нет