Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра бараж против Полска за учество на СП 2025

Женската ракометна репрезентација на Македонија против Полска ќе се соочи во баражот за пласман на Светското првенство 2025 година што ќе се игра во Германија и Холандија.

Македонија доби незгоден ривал кој ќе мора да го совладаме ако сакаме да земеме учество на Светското првенство.

Првиот натпревар нашата репрезентација го игра во гости на 9. или 10. април, додека пак реваншот ќе биде на 12. или 13. април во Македонија.

Македонија трипати се има соочено со Полска, а на трите средби ракометарките на Полска беа подобри од Македонија. Првото соочување беше на 12. декември 2006 година, а тогаш Полска беше подобар со 35:33, второто соочување беше една година подоцна кога Полска пак беше подобра со 31:33, а последен пат двете репрезентации се соочија на 26. ноември 2017 година кога Полска со 25:32 ја доби Македонија.

Европското првенство во Германија и Холандија се игра од 27. ноември до 14. декември 2025 година.

Женската репрезентација на Македонија на Светско првенство последен пат настапи во 2007 година, на Светското првенство во Франција.

Александар Ванев, М-Нет