
Убедливи победи беа забележани во рамки на третото коло на ракометната Супер лига, откако Алкалоид на домашен терен со 37:21 го декласираше Куманово со што тимот од Автокоманда на убедлив начин ја оправда фаворитската улгоа.
Вицешампионот Еурофарм Пелистер со 25:33 славеше над Струга во натпревар каде битолскиот тим немаше проблем за да стигне до високата победа.
Во Богданци се одигра натпреварот меѓу Вардар и Младост, откако двете екипи се договорија да го заменат домаќинството, а шампионот Вардар со 44:34 го доби домаќинот во преполната сала „Млаз“.
Охрид однесе убедлива победа на гостувањето во Скопје кај Бутел со резултат од 32:41, а пак во дуелот на двата најмлади суперлигаши екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 29:30 славеше над Мулти Есенс во Автокоманда.
Колото се затвара со дербито на Прилеп и Тиквеш, кое ќе се одигра утре во салата „Ристе Ристески – Ричко“ со почеток од 19:30 часот. Овој меч беше одложен поради европскиот настап Тиквеш со Еш. Двомечот се игра во „Јасмин“ во Кавадарци, а тимот од Луксембург патува во следното коло на ЕХФ Европскиот куп.
Кавадарчани на првиот меч беа поразени со 30:27, а на вториот натпревар односно на реваншот славеа победа од 33:32, но недоволно за следна фаза и беа елиминирани со вкупни 62:60.
Александар Ванев, М-Нет