Една недела без вода за пиење се жителите од с.Соколарци, чекаат со саати за да наполнат шише вода

Жителите од селото Соколарци оставени вез вода веќе недела дена. Во 21 век и во време на пандемија тие со шишиња и туби одат по вода, бидејќи на чешмите нема. Без вода е оставено и основното училиште во ова село. Граѓаните велат тешко е да се преживее без вода. Истата им е достапна по доста ниска цена, но како што велат тие не редовното плаќање на дел од жителите ги остава сите без основните услови за живот.

„Не плаќа населението, многу малку плаќаме и тешко е да се живее, носиме во кофи, во туби, да дојдете да видите ред чекаме. Мислам дека 15 кубика вода здоволува едно четиричлено семејство, јас потрошам 10 кубика оти сме двајца, немам бавча. И тоа ти е 150 денари и 30 за тој што собира водата значи околу 180 – 200 денари за вода плаќаме“

Жителите во село Соколарци не се приклучени на водоводот во Општина Чешиново – Облешево и заради тоа новиот градоначалник, Далибор Анегелов кажа дека општината нема никакви ингеренции. Имено, жителите сами собрале пари за изградба на пречистителна станица од која добиваат вода за пиење, и според Ангелов таа е на поединци. Истата работи на електрична енергија па проблемот со немањето на вода за пиење е што од ЕВН им ја исклучиле струјата. Најверојатно граѓаните собрале пари, го подмириле долгот и така добиле вода, но за безбедноста на истата не гарантира никој. Според Англелов овој проблем се појавува заради правни недоречености.

Лаура Стојанова М-Нет