Евроспорт Куп: Динамо Загреб победник во две генерации, Бешикташ прв во генерација 2012

Изминатиот викенд се одржа големиот Меѓународен турнир „Евроспорт Куп“ во организација на ФК Куманово Евроспорт, а на кој учество земаат генерациите 2012, 2014 и генерација 2016.

На турнирот покрај екипи од Македонија учествуваа Балкански и Европски гиганти. Во генерација 2012 Бешикташ го освои првото место, втор беше тимот на Форца, третото место му припадна на тимот на Куманово Евроспорт, а пак Младеновац беше четвртопласиран тим.

Во генерација 2014 екипата на Динамо Загреб го освои првото место, Осијек беше втор, ЦСКА Софија трета, а на четврото место заврши Нови Таленти.

Во генерација 2016 одновно Динамо Загреб беше најдобар, втор заврши Овче Поле, трет беше тимот на Карев, а пак Осијек заврши на четврото место.

Во период од 4. до 6. октомври односно ќе продолжи фудбалската магија со генерациите 2013, 2015 и генерација 2017.

Натпреварите од овој голем Меѓународен турнир можевте да ги следите во живо на спортскиот канал М Нет Спорт.

Александар Ванев, М-Нет