Дуел за враќање на победничките патеки во Кратово: Брегалница гостува кај Силекс

ФОТО: ФК Брегалница

Брегалница утре во Кратово ќе бара враќање на победничките патеки откако тимот од Штип нанижа два порази и сега против Силекс ќе мора да најде начин за позитивен резултат.

Интересно е што и Силекс против „сините“ од Штип гледа шанса за прекин на резултатската криза, откако освојувачот на Купот на Македонија има три порази во низа.

Силекс е шести со седум бодови, Брегалница е осма со шест бодови, а освојувањето на трите бодови и за двете екипи значи прогрес на табелата.

Трацијата вели дека во Кратово треба да очекуваме најмалку два погодоци, а Брегалница последен пат во Кратово на официјален меч од Првата лига против Силекс славеше на 8 март 2023 година кога триумфираше со 1:2.

Мечот од седмото коло меѓу Силекс и Брегалница ќе го суди Благојче Ралевски, негови асистенти ќе бидат Николче Дрнковски и Петар Степановски, а четврти судија е Стојанче Стојанов.

Александар Ванев, М-Нет