Дрва или клима е поевтина варијанта за да се помине полесно и оваа зима ?

Греење на клима или дрва ќе биде ли поисплатлива варијанта за да се помине поевтино и оваа зима?

Младите се категорични – климите се нивниот избор. Велат дека така се избегнува целата работа околу огревот, како сечење, цепење и редење дрва, пепелот и чадот во домот. Со едно притискање на копче, велат, добиваат топол дом. Но, покрај младите, на клима-уредите се префрлаат и пензионерите – едни поради возраста и здравствената состојба, а други затоа што им е полесно. Иако дел преминуваат на поедноставната варијата, сепак, од ЗП Штип велат дека огревното дрво и понатаму останува најчест избор кај оваа генерација грѓани, а годинава изненадува интересот и за дабово дрво.

,,Пензионерите се генерации кои што се навикнати на огрев на дрва, меѓутоа има дел од нив, кои поради годините, останале сами, тогаш тие почнуваат да користат клима уреди, меѓутоа сепак е факт дека се задржуваат на огрев на дрва. И оваа година состојбата со огревните дрва е непроменета, тоа е минимален број на 20, до 30 повеќе или помалку, наши купувачи, така да еве во периодот кој што помина и следува, ние веќе ги извршивме нашите обврски околи снабдувањето, останатие се уште минимални количини кои до крајот на следната недела ќе бидат доставени. Имаме големо побарување и за дабовото огревно дрво, така да еве некој проицент е 60 – 40 во однос на буката.“, вели Нетков

Но, сепак, на терен анкетираните пензионери во Штип велат дека одамна ги замениле дрвата со клима-уреди или пелети. Велат дека така им е полесно, почисто и поисплатливо.

Дрва, клима или пелети, секој си го бара најдоброто решение. Важно е зимата да се помине топло, а џебот помалку да боли.

Иван Митев, М-Нет