
Увозот во државата е неопходен во моментот, но според министерот за земјоделство Цветан Трипуновски потребно е и домашно производство. Дека е потребно домашното, согласни се и делумно граѓаните на Штип, кој велат дека доколу се отворат фабрики, дури ќе може државата да извезува. Додаваат дека во државава има убава почва и сонце за да успее земјоделието.
“Ако се отворат фабрики, ќе може. Да работат работниците да има повеќе залиха, дури ќе се извезува. Подобро е да се извезува, него ли да се увезува. Имаме ние земјоделие, имаме се, имаме добро сонце, само вода нема. Ја имаме, но треба да се буши за да се спроведе. Овчеполието е многу убава земја, само дожд ќе ни е потребно.”, велат граѓаните
Друг дел велат дека ако продолжи ситуацијата вака, без увоз нема да можеме во иднина, па неопходно е истиот да постои.
“Имаме ние производство, само нема кој да го работи. Ако продолжи ситуацијата вака , без увоз нема да може да се живее. Лани патлиџанот беше од 30 до 50 денари, а сега над 100 денари и дека ако нема увоз.“, додаваат граѓаните
Со оглед фактот дека владата за земјоделците донесе нови мерки во однос на субвенциите и откупот, ова ќе претставува нов мотив за младите, но и за оние кој што сеуште опстојуваат од земјоделието да продолжат со оваа гранка и во иднина.