
Домашни јајца од пазар или од продавница, што купуваат граѓаните и зошто?
И едните и другите се продаваат и имаат свои купувачи, но разликите се во цената и квалитетот. На штипскиот пазар, домашните јајца кои доаѓаат од селата Радање и Лакавица се нудат по 15 денари за зрно, а производителите трврдат дека се природн и произведени без додатоци. Во маркетите пак , табла јајца чини околу 270 денари, што ги прави поевтини и повеќе достапни за граѓаните. Производителите од Радање и Лакавица, пред камерите на М-Нет телевизија објаснуваат зошто, според нив, домашните јајца имаат поголема вредност од оние во продавница?
Граѓаните со поделени мислења, едни велат дека купуваат од пазарот, бидејќи се домашни, други од продавница, бидејќи тие имаат рок, а на пазарот знаат да се сретнат и со поминат рок.
На крај она што останува е дека изборот помегу домашните јајца и оние од продавница останува на граѓаните. Дел од нив гледат на квалитетот, други на цената.
Иван Митев, М-Нет