Домашни киксови на Слога и на Саса а драгоцена победа на прилепчани во Кочани

Залудни беа громогласните скандирања на промрзнатите „Сејмени“ и „дувањето во грб“ на играчите на Осогово кога тие грешеа во текот на целиот меч и беа во подредена улога. Прилепчани знаеја зашто се дојдени во Кочани, ги имаше насекаде по теренот и затоа со песна го дочекаа крајот на средбата. Уште во 2 м. Давид Јошевски постигна гол за водство на Победа од 0:1 и со тој резултат се отиде на одмор. Вториот дел започна со притисок на домашните, нешто кое вроди со постигнување на гол од страна на капитенот Тоше Манов во 56 м. и израмнување на резултатот на 1:1. Кратко траеше овој резултат, Осогово продолжи со притисокот, но гостите беа мошне опасни во контра нападите. Така Победа успеа да постигна гол преку Филип Стомнароски во 61 м. за ново водство и резултат 1:2. Целосната збунетост на домакините дојде до израз мошне брзо, со примен нов гол на домакините и за конечен резултат Осогово – Победа 1:3 кој го постави Бојан Спиркоски. Еве ги комплетните резултати од ова 14 коло на ВМФЛ – Исток:

  1. Братство – Локомотива 4:1
  2. Осогово – Победа 1:3
  3. Слога – Детонит 1:1
  4. Каменица Саса – Беласица 0:0
  5. Кожув – Кит Го 2:1

ТАБЕЛА

  1. Слога 32
  2. Победа 29
  3. К.Саса 28
  4. Беласица 25
  5. Кит Го 19
  6. Осогово 18
  7. Кожув 17
  8. Детонит 15
  9. Братство 7
  10. Локомотива 6

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk