
Домашна жива салата, уште позната како салце, се продава на штипскиот пазар по 150 денари за шише. Направена по рецепт на Ване Јованов, кој заедно со своето семејство ја подготвува и продава, оваа салата станува сe побарана, особено кај оние кои годинава не направиле зимница. Се купува се повеќе во пресрет на студените денови, како природен додаток на трпезата. Јованов вели најубава е покрај шпорет, со сирење, чаша домашна ракија и сладок муабет. Покрај тоа што е вкусна, таа е и здрава – полна со природни витамини, што ја прави идеална за ладните есенски и зимски денови.
Салцето е со векови на македонската трпеза. Повозрасните граѓаните велат рецептот го знаат од своите предци, ама тешко дека некој во иднина ќе прави. Корисна е да се јаде особено во ледените денови, додаваат анкетираните.
Инаку, рецептот постарите го знаат и во сон. Доматите убаво се мијат и чистат , па се блендираат. Се ставаат во тегли или шишиња со широк отвор, се додава прстофат сол, прстофат шеќер и само неколку капки алкохолен оцет. Убаво се затвораат теглите и се редат во рерна.
Иван Митев, М-Нет