
Доматот и пиперката и овој петој најбараните на штипскиот пазар, време е со нив да се подготвува зимница, колку и да им е цената, велат граѓаните кои додаваат дека мора да се купува и да се јаде. Дополнително велат дека цените на пазарот се пристапни, па на нив само останува да си изберат свежи производи.
Производителите задоволни што ги продаваат производите, велат побарувачката е голема. Според нив, најголем интерес има за сезонските производи.
Задоволни и едните и другите, со квалитет и достапни цени, се остварува добра понуда, и уште поголема побарувачка. За граѓаните пазарот и натаму останува место каде можат да купуваат најевтино.
Ева Тушевска, М-Нет