Доделени првите десет договори за комбајни со сецкалки за земјоделците од кочанско

Доделени првите десет од вкупно 25те договори на комбајни за жнеење ориз со сецкалици. Впрочем, на повикот кој заврши на средината на минатиот месец аплицирале 25 земјоделсци и сите барања се одобрени. Со оваа инвестиција, освен што им се помага на земјоделците се заштитува и животната средина, а се очекува да биде сведен на минимум бројот на запален стрништа кој е доста честа појава.

„Службите вложија максимални напори за апликациите да бидат одобрени во најбрз рок, со цел новата механизација да биде набавена во пресрет на оризовата жетва. Со овие комбајни освен што земјоделците добиваат нова и модерна механизација земена е во предвид и потребата од заштита на животната средина“- истакна Никица Бачовски, Директор на АФПЗРР

Од големо значење е ова и за Општина Чечиново Облешево и за самите земјоделци посчи градоначалникот Горанчо Крстев.

Земјоделците кои аплицирани и добиле комбајн со сецкалка задоволни бидејќи со ова се зголемуваат и подобруваат и нивните секојдневни обврски.

Вкупната вредност за десете договори за комбајн со сецкалка е околу 13 милиони денари од кои близу 7,4 милиони ќе им бидат вратени на сметките на апликантите. За сите 25 поднесени барања за комбајни инвестицијата е близу 32,5 милиони денари од кои 18 милиони денари или 50% од сумата се гранд од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Лаура Стојанова М-Нет