Добри цени, голема побарувачка и најбарана јаболката на денешниот пазар во Штип

Голема побарувачка и овој петок на градскиот пазар во Штип. Торбите на граѓаните се полнеа со сезонски производи – круши, грозје, праз, зелка, а најмногу со свежи јаболка, кои беа меѓу најбараните производи. Штипјани велат дека се задоволни од разновидната понуда и од цените, кои ги оценуваат како прифатливи.

Произвоиделите на штипскиот пазар сметаат дека токму овој петок, заинтересираност за сите производи е голема, а цените се намалени во однос на претходната недела. Тие велат се забележува благиот пад на цената на карфиолот и големиот квалитет.

Есенските сезонски производи и понатаму го привлекуваат вниманието на купувачите, а штипскиот пазар останува место каде што граѓаните секој петок ја бараат свежината и разновидноста на домашното производство.

Ева Тушевска, М-Нет