
До крајот на овој месец пчеларите треба да ја пријават моменталната состојба во нивните пчелни семејства со цел да добијат документација за субвенции. Ветеринарите апелираат обврската да биде завршена навремено до крајот на месец април со цел да може да се аплицира и да добија субвенции за нивните пчелни семејства.
„Со годишната наредба од страна на Агенцијата за храна и ветеринаство за оваа година и овој период од годината, можам да апелирам до сите оние држатели на пчелни семејства, обврската нивна за пријавување е до крајот на месец април, што значи должни се да дојдат во ветеринарната станица да ја пријават нивната моментална состојба во пчеларнико, како би можеле да се стекнат со право за аплицирање и добивање документација за субвенции“ – вели Митев.
До крајот на наредниот месец пак се зема крв за откривање на болест кај козите и овците. И ова е со иста цел да сточарите да добијат соодветна документација со што би можеле да аплицираат и да дибијат субвенции.
„Земањето крв за откривање болести кај козите и овците е во тек. Оваа акција ќе треба да ја спроведеме до крајот на месец мај. Сите оние држатели на овци и кози се должни да се јават, како би можеле да направиме термин за истите да се стекнат со правото за аплицирање на документација за субвенции.“ – додава Митев.
Согласно уредбата на Влада, за да добијат субвенции пчеларите треба да имаат најмалку десет пчелни семејства, а висината на директни плаќања изнесува 600 денари по пчелно семејство.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет