
До крајот на август месец годинава се очекува да биде комплетно спремна и санирана новата зграда на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип, истакна денеска директорот на болницата Д-р. Ален Георгијев.
„До крајот на август сметам дека зградата на Инфективниот оддел ќе биде комплетно спремна, санирана, замена на сите прозори и фасадата и поствен овод за килород“ – кажа Георгијев.
Во меѓувреме со намалувањето на ковид инфицирани пациенти и стивнување на ковид пандемијата започнаа и вообичаените операции на одделенијата во КБ Штип, а од крајот на јули се очекува и да се прават операции на Одделот на офтормологија. Дел од медицинскиот персонал замина на заслужен одмор.
Моментално во модуларната ковид болница има хоспитализирано само 3 пациетни од кои само еден е со потешка клиничка слика посочи Георгијев. Тој исто апелираше да се почитуваат максималано основните мерки за заштита д ковид 19 за да не се доведеме во ситуација да не зафати нов Ковид бран.
Лаура Стојанова М-Нет