
Продолжува актуелната тема со исплата на регрес за годишен одмор, поточно кажано неговата намалена исплата или воопшто неисплата. Во тек се пријавите од страна на работниците кои не добиле регрес за годишен одмор, или популарно познато к-15. Нови пријави пристигнуваат секојдневно. Од Здружението „Гласен текстилец“ Штип, со барање прецизност во закон за сумата за исплата на к-15, за да не доаѓа до злоупотреба од страна на работодавачите во врска со исплатата на регрес за годишен одмор.
„Оваа година голем број од работодавачите се охрабрени воопшто да не исплаќаат регрес за годишен одмор, и тоа фирми кои имале загуби во работењето не морале да исплатат к-15, што не е точно. Немаше никави измени во Општиот Колективен договор. Укажуваме на пропустот кој го има направено Сојузот на синдикати на Македонија, си имаат оставено „дупка“ во договорот кој што вели испалата на помала сума, а не е конкретизирана таа помала сума“ – истакнуваат од „Гласен текстилец“ Штип.
Од Организацијата на работодавачи на Македонија, истакнаа дека и покрај оставениот простор договор да се воспоставува меѓу работникот и работодавачот, тој не е постигнат, па се оди по одредбите ставени во Општиот Колективен договор.
Ситуацијата во Македонија, во која мал е дијалогот меѓу работниците и работодавачите налага, сумата која што се исплаќа како регрес за годишен одмор постојано да биде тема на разговор. Како што истакна Димитров, за да законски биде регулирано ова прашање потребно е одлука од Министерството за труд и социјална политика и Владата, и на крај Парламентот.
Лаура Стојанова М-Нет