
Дебитантот во ракометната Суперлига екипата на Бисинов од Велес ја продолжи соработката со двајцата ракометари Филип Сиљанов и Илија Табаков, кои ставија потпис на нов договор со велешкиот тим и со тоа ја продолжуваат верноста и за следната сезона.
Бисинов е шампион во Првата ракометна лига обезбеди прво дебитантско учество во ракометната елита на Македонија, а за таа цел Мартин Димов беше претставен како прво засилување за новата сезона, кој потпиша веќе договор со новиот суперлигаш.
Димов доаѓа од екипата на Пролет каде успешно настапуваше изминатите четири сезони, а претходно го носеше дресот на Бутел, Вардар Јуниор и првиот тим на Вардар, всушност за Димов ова значи враќање во неговиот матичен клуб, бидејќи неговите ракометни почетоци се во Бисинов.
Раководстовото на Бисинов работи на ангажирање на нови квалитетни засилувања, како и на враќање на велешките ракометари со цел во новата сезона во Суперлигата да се избори опстанокот.
Александар Ванев, М-Нет