
Детонит Плачковица со победа ја затвори есенската полусезона во Втората лига откако денес со 1:0 го доби Скопје на Градскиот стадион во Радовиш, благодарение на голот на Иван Галевски.
Зад радовишани е успешна полусезона, ќе презими како седми со 26 бодови, но бодовно тимот е блиску од бараж зоната за Прва лига, а притоа тимот обезбеди и четвртфинале од Купот на Македонија.
Тимот од Радовиш кој го води штипскиот стратег Горан Здравков ја продолжува успешна фудбалска приказна, а теренот во Радовиш одново се покажува како тешко освоива тврдина бидејќи Детонит Плачковица нема пораз на домашен терен.
Успешно е заокружена есенската полусезона, а сега останува период на добар одмор, анализа и активирани на трансфер пазарот, бидејќи се очекува да дојде некое засилување кое ќе направи освежување во редовите на тимот за пролетниот дел.
Александар Ванев, М-Нет