Детонит Плачковица го сруши и Пелистер, радовишани не признаваат фаворити

ФОТО: Сашко Петров

Детонит Плачковица уште еднаш покажа дека не признава фаворити, откако со минимални 1:0 го совлада и Пелистер на Градскиот стадион во Радовиш, натпревар кој гледачите на телевизија М Нет можеа да го следат во живо.

Радовишани уште еднаш потврдија дека играат допадлив фудбал сезонава и дека може да се носат со кандидатите за Прва лига.

Стрелец на единствениот погодок вреден три бодови беше Дарко Алексовски во 64. минута.

Екипата на телевизија М Нет во живо го следеше и мечот меѓу Воска Спорт и Слога од Виница на “Билјанини Извори” во Охрид, каде домашниот состав кој беше апсолутен фаворит со убедливи 3:0 славеше над младата екипа на Слога.

Воска Спорт – Слога Виница

Изаир Емини го отвори резултатот со гол од пенал, а до крајот на првител погодија Бехар Фета и Абдулвахит Мурати.

Вардар со 0:3 славеше над Саса на гости, Караорман го доби Арсими со 2:0, Борец впиша нов пораз од 1:2 од Охрид, Беса со убедливи 6:1 го декласираше Тетекс, Гостивар се “сопна” и одигра 0:0 со Беласица.