Дерби во Штип на Текстилец УГД и Овче Поле, скопска пресметка на Пролет и Аеродром

Викендот на програмата ќе бидат мечевите од седмото коло на Првата ракометна лига, а кое коло се отвара денес со дури три средби.

Драчево Јуниор ќе го пречека тимот на Македонија ЃП, лидерот ќе бара триумф со цел да го сочува врвот од табелата против мотивираниот гостин.

Вардар Неготино како фаворит ќе гостува кај Шампион, додека пак Радовиш ќе има гостување во Гевгелија кај Партизан.

За сабота е предвиден еден меч – дербито во Штип меѓу Текстилец УГД и Овче Поле од Свети Николе, каде штипјани ќе бараат рехабилитација после двата порази во низа.

Во недела во Македонска Каменица ќе се одигра дуелот меѓу „фенерџијата“ Сокол Саса кој и натаму бара први бодови против Јехона, а пак Илинден ќе гостува во Ресен кај преспа.

Колото се затвара во понеделник со скопската пресметка меѓу поранешните суперлигаши Пролет и Аеродром.

Александар Ванев, М-Нет