
Поклон во плик ова се почесто е испишано на поканите за свадба во поново време, додека за разлика во минатото се практикувало на младите да им се носат подароци, чашки за ракија, шолји за кафе, чинии. Денеска младите се повеќе се решаваат на сите гости да им напишат да им однесат пари во плик. Штипјани едногласни дека подобро е да се однесат пари во плик
Некои се одлучувуваат на ваков чекор бидејќи во минатото често се добивле подароци што се неупотребливи, истите се удвојуваат или, пак едноставно она што го добиле не можат да го вклопат во ентериерот дома. Додека пак некој се со ставот дека според блискоста се одлучува каков подарок ќе се подари.
Штипјани сметаат дека опцијата пари во плик е подобра за разлика од носење подароци по свој вкус. Сметаат дека со парите малдоженците можат да си купат работи по свои желби или истите да ги искористат за меден месец.
Лаура Стојанова, М-Нет