Денеска е Свети Гаврил Лесновски, граѓаните со домашни слави и имендени

Голем број верници денеска го одбележаа празникот Свети Гаврил Лесновски и во Штип, редици граѓани запалија свеќа на светителот и се помолија за здравје и среќа. Душевен мир и кроткост понесоа тие накај дома, посочувајќи дека денот ќе го прослават со посна трпеза, бидејќи се паѓа во ден среда. Овој светител родум од кривопаланечко Осиче, Заедно со преподобните Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохор Пчински се основоположници на јужнословенското и македонско еремитско монаштво.

Инаку, овој празник менува ден, но никогаш датум и секогаш се прославува на 28 јануари. Светиот Гаврил Лесновски, подвизувал и аскетувал во околината на Злетовска Планина. Во житијата се среќаваат податоци дека вo 10 век на Лесновската Гора кај Кратово, се замонашил и изградил црква во чест на Светиот Архангел Михаили оттаму заминал во околината на подвизување.

Неговиот светителски култ се ширел и се развивал преку религиозно-духовната, книжевната, музичката, ликовната и народната традиција.

Иван Митев, М-Нет