Денес се одбележува светскиот ден на органодарителството, важен чин за спасување на човечки живот

Денес се одбележува светскиот ден на органодарителството. Во таа чест националното здружение „Храбро срце“ на плоштадот во Охрид ќе се доделуваат памфлети, ќе одржуви мали говори со што на еден начин ќе се информираат се со цел да се подигне свеста кај луѓето за органодарувањето вели челенот од националното здружение „Храбро срце“, Боре Минов.

„Денес се одбележува светскиот ден на органодарителството и ние имаме веќе формирано пет години едно национално здружение кое се вика „Храбро срце“ и денес на плоштадот во Охрид имаме делење памфлети, држење мали говори, информирање на луѓето, се со цел да ја подигнеме свеста кај нашите луѓе за органодарителството.“ – изјави Минов

Минов вели дека во Македонија има околу дваесет пациенти со единствена надеж во животот за трансплантација на органи. Додава дека пред десетина години темата за органодарителство била табу, но во последните години извршени се многу промени со извршени околу десетина трансплатации на срце, 20-30 на бубрези и трансплантации на коскена срцевина.

„Ние сме здружение со механичка потпора на срце каде што тие пациенти се некаде на број околу дваесет моментално во Македонија и кој им е единстевена надеж во животот им е трансплантација на органи. До пред десет години тоа беше табу во Македонија, во Светот не, но веќе последните десет години тоа е во голема експанзија во Македонија, веќе во Македонија имаме десетина трансплантации на срце, 20-30 на бубрези, коскена срж, тоа е во голем подем.“- додава Минов

Овој ден и секој следен нека биде прилика и поттик граѓаните да се информираат, да размислуваат и да читаат за органодарителството, бидејќи никогаш не знаеме што ќе се случи со нашиот живот или животот на нашите блиски вели Минов.

„Апелирам до нашите граѓани да читаат, размислуваат и информираат за тоа бидејќи никогаш не знаеме кога на самите нас ќе ни затреба, тоа е еден момент во животот каде што со органодарителството спасуваме три животи. Еден отиден живот кој ние не сакаме да е така, но реалноста покажува нешто друго, кога се случува мозочна смрт, кога нема назад за еден од тие наши блиски во фамилијата, фамилијата мора да реши дали органите од него ќе ги донира или не.“ – додава Минов

Дециден дека со органодарувањето се спасуваат три човечки животи, па затоа фамилијата во ситуација кога член од семејството добил мозочна смрт, тогаш семејството да се одлучи дали да ги донира органите.

Лаура Стојанова, М-Нет