Дел цигари поскапеа по 10 денари за кутија

Цигарите поскапеа по 10 денари за кутија. Станува збор за цигарите кои се произведени од тутунски комбинат, кои во дел од маркетите веќе се продаваат по цена повисока за 10 денари, додека пак во оние маркети каде има поголема залиха, покачувањето се очекува да се случи во следните претстојни денови.

Тоа значи дека еден пушач, ако просчено пушел една кутија цигари, сега, месечно ќе треба да издвои дополнителни 300 денари од својот буџет.

Претходно, пред околу две недели поскапеа и производите со загреан тутун , исто така за 10 денари.

Засега, нема информации дали и кога би поскапеле цигарит од останатите производители.

Зголемувањето на цената е дел од редовното усогласување на со акцизната политика на државата која предвидува постопенео покачување на акцизата до 2030 година, кога крајната цена на цигарите во Македонија треба да стане приближна со цените на цигарите во земјите од ЕУ.

Иван Митев, М-Нет