
Трева до колена, грмушки, патче по кое едвај се поминува. Поволните временски услови добро влијаеа за да се раззлени просторот во кочанските гробишта. Граѓаните реагираат дека во вакви услови едвај ги посетуваат вечните почивалишта на нивните најблиски, бидејќи трева има до колена како што велат тие. Позади објективот на камерите додаваат дека и покрај тоа што плаќаат на КЈП Водовод за оддржувње на гробиштата, сепак честопати самите се приморани да ја косат тревата за да се чувствуваат побезбедено.
За овој случај беше известен и директорот на КЈП Водовод, Кочани, Иван Иванов. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија Иванов истакна дека веќе е започнато да се работи на косење на тревата.
“Разговарав со одговорното лице за паркови и зеленило. Започнато е веќе косење на тревата во градските гробишта во Кочани. Но, активностите се започнати од почетокот, па најверојатно заради празниците и временските услови не е стигнато до секој дел од гробиштата. Но, сакам да напоменам дека во наредните два три дена целата површина ќе биде искосена и просторот ќе биде среден“ – кажа Иванов.
Истовремено во оваа прилика тој додаде дека постојано се работи на чистење и одржување на просторот како во градските гробишта во Кочани, така и на останатите места во градот.
Лаура Стојанова М-Нет