
Две финансиски друштва за брзи кредити добија казни и привремена забрана од 30 дена да одобруваат кредити, по вонредните контроли на Министерството за финансии. Инспекциите во изминатите три месеци биле направени откако граѓани пријавиле проблеми и неправилности во нивното работење. Од јули 2024 година досега, на четири вакви друштва им се одземени дозволите, три се привремено затворени, а на 18 им се пишани казни во вкупен износ од околу 49.400 евра. Од Министерството ги повикуваат сите граѓани кои сметаат дека се оштетени веднаш да ги пријават ваквите случаи
,,МФ спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва. Вонредниот надзор беше спроведен во последните три месеци постапувајќи по пријави од граѓани при што презеде соодветни мерки согласно законските прописи. Од јули 2024 година има изречено мерка за одземање четири дозволи за работа на финансиски друштва, привремено затворање на три финансиски друштва, глоби на 18 финансиски друштва во вкупен износ од 3.040.323 денари или околу 49.400 евра, како и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.”, веат од Министерството
Дополнително од министерството за финансии ги охрабрува сите граѓани коишто сметаат дека се оштетени или имаат сознанија за неправилности во работењето на финансиските друштва да поднесат пријава до Министерството за финансии. Пријавите може да се достават преку архивата на Министерството за финанси, по пошта и на електронската адреса.
Иван Митев, М-Нет