
На 03.11.2021 во 15.20 часот пред Кадински мост, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.А.(31) и К.М.(21), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.