
Со инклузивна работилница и интеракција на учениците од основните училишта во Кочани, кочанската библиотека Искра органзираше промоција на две книги во пресрет на 3 декември, Денот на лицата со попреченост. Книгите беа промовирани на поинаков начин, а истите ги има и во видео запис за да бидат достапни и за децата со оштетен вид.
„Специфично е што промоцијата не се одвива на класичен начин туку преку интеракција, инклузивна работилница со ученици од Кочани. Морам да напомена дека двете дела кои се за деца се направени и во аудио издание се со цел овие книги да бидат поблииску до лицата со оштетен вид.“ – вели Ѓоргиевска-Атанасова.
Двете книги кои беа промовирани денеска е со цел децата да се разберат меѓусебно со што ќе се покаже дека и децата со попреченост се дел од општеството и се прифатени во истото. Книгата „Приказна за две деца“ ја преставува приказната гледана од очите на дете со типичен развој и дете со Даунов синдром.
„Идејата да се напише книгата е уште од времето кога работев како наставник и во мојата училница влезе дете со даунов синдром. Концепцијата на книгата е една приказна гледана од гледиште на две деца од кои едното е со типичен развој, а другото е со нетипичен развој, како истата ситуација ја доживуваат двете деца. Целта е да се помогне да се разберат едни со други“ – вели Брезовска-Богоевска.
Втората книга сликовницата „Кошница со овошје“ промовирана на интерактивен начин со учениците е со цел да се покажат здравите навики кои треба да се практикуваат.
„Оваа сликовница е испирација од исхраната на децата, овошките кои постојано треба да ги консумираме, за да бидеме здрави и да растеме. Целта е да ги научиме дечињата дека со постојаното користење на овошје добиваат многу витамини, добиваат сила за здрав живот“ – додава Стојанова.
На настанот во кочанската библиотека основците имаа можност со интеракција да учествуваат во промоцијата на двете книги.
Лаура Стојанова М-Нет