
Две директини линии од Штип за Скопје се достапни за патниците секојдневно. Со ова тие имаат можност многу побрзо да стигнат до главниот град, без притоа да се прават паузи во Велес или Свети Николе на пример. Се патува по Автопатот Штип – Миладиновци, со што се намалува времето на патување.
Туристичката агенција Авто Атом од Кочани, од неоддамна водведе две директни линии од Штип до Скопје. Секој ден од понеделник до недела, вклучувајќи и празници автобусите тргнуваат од автобуската станица во Штип во 10: 15 часот и во 16:45 часот. Билетот во еден правец е со цена од 330 денари.
Од Авто Атом Кочани ги повикуваат патниците кои имаат потреба да патуваат до главниот град да ги користат директните линии од Штип до Скопје.
Лаура Стојанова М-Нет