Двата одложени натпревари од втората коло на Втора лига добија нови датуми за одигрување

Двата одложени натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига добија нови датум за одигрување.

Овој викенд требаше да биде одигран натпреварот во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Охрид, како и во Тетово меѓу Тетекс и Работнички, но поради повикани фудбалери од овие екипи во репрезентацијата на Македонија до 20 години за настап на Медитеранските игри во Таранто, Италија, овие натпревари нема да се одиграат в сабота на 22 август.

Овие два одложени натпревари се закажани за 24 септември од 16 часот, тогаш и ќе биде комплетирано второто коло на Втората македонска фудбалска лига.

Овој викенд ќе се играат останатите пет мечеви. Пелистер во Кавадарци ќе игра против Брера меч кој ќе го следите во живо на М Нет телевизија, Беласица ќе гостува кај Новаци, Кожуф ќе го пречека Шкупи, Осогово ќе гостува кај Камјани, а пак Еуромилк ГЛ ќе игра со Македонија ЃП.

Александар Ванев, М-Нет