
2 тони небезбедно месо заплени АХВ во Радовиш, а дополнителни 50 килограми месни производи биле одземени во неготинското село Пепелиште. При вонредните инспекциски контроли, во Радовиш биле откриени свежо и замрзнато месо и подготовки од месо кои не ги исполнувале условите за безбедност. Во Пепелиште, пак, биле одземени димени месни производи и чварки произведувани и продавани без одобрение од надлежната институција. Од АХВ информираат дека производите немале декларација за потеклото и биле чувани во несоодветни и нехигиенски услови. Инспекциските контроли продолжуваат со цел спречување на нелегалниот промет на небезбедна храна и заштита на здравјето на граѓаните.
„При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).“, соопштуваат од АХВ
Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.
Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.
Иван Митев, М-Нет