Дарко Стојанов ќе им суди на Беласица и Камјани, Крумислав Ѓоргиев оди за Радовиш, Димитар Пилешков главен во Горно Лисиче

Утре на програмата се натпреварите од 13. коло на Втората македонска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на мечевите од последното есенско коло.

Дарко Стојанов од Штип ќе биде главен судија на мечот во Струмица меѓу Беласица и Камјани, негови помошници ќе бидат Филип Николов и Александар Николоски, а пак четврти судија е Борче Павловиќ.

Влатко Илиоски ќе биде главен во Кочани каде ќе се соочат Осогово и Охрид, а пак негови асистенти ќе биде Борис Трајков и Илие Мишески, а пак четврти судија е Кирил Смоквоски.

Никола Петковски ќе им суди на Новаци и Шкупи, а ќе му помагаат Иван Ивановиќ и Петар Арсовски, а пак Ненад Тодороски ќе биде четврти судија.

Средбата во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и Работнички ќе ја суди штипјанецот Крумислав Ѓоргиев, негови помошници ќе бидат Ристо Ѓоргиев и Дејан Стоиков, а пак Боби Величков ќе биде четврти судија.

Дарко Котевски ќе биде задолжен за правдата на мечот меѓу Кожуф и Македонија ЃП, ќе му асистираат Јовче Кокевски и Борче Цветковски, а Владимир Ѓоргѓиевски ќе биде четври судија во Гевгелија.

Јован Качевски ќе им суди на Тетекс и Брера Струмица, а негови помошници ќе бидат Разме Бакрачески и Јован Анѓелкоски, а пак четврти судија ќе биде Марјан Стојановски.

Штипјанецот Димитар Пилешков ќе им суди на Еуромилк и Пелистер во Горно Лисиче, негови помошници ќе бидат Богданчо Ѓеоргиев и Петар Михаилов, а пак Спире Арсов е четврти судија.

Сите натпревари од последната есенск рунда ќе започнат во 13 часот.

Александар Ванев, М-Нет