
Дарко Додев се реши да ја направи својата прва странска авантура, откако си замина од штипска Брегалница и потпиша за Влазнија од Албанија.
25-годишниот крилен играч од Неготино оди во прв предизвик во странство, откако во изминатата сезона во дресот на Брегалница беше еден од подобрите играчи, а добиената понуда од странство не можеше да се одбие, па истата ја прифати за нов предизвик во кариерата.
Својата кариера Додев ја започна во Неготино, а потоа заигра за Металург, Силекс, Тиквеш и Брегалница.
Оваа сезона тој одигра 29 натпревари во Првата лига во дресот на Брегалница, притоа постигна 7 погодоци и запиша 11 асистенции.