Да се исфрлат екраните од наставата и да се вратат книгите и пишувањето во тетратка, бараат штипјани за поголема писменост кај децата

Да се исфрлат екраните од училниците за помладите ученици бараат дел од штипјани, со цел децата повеќе да читаат од книги, да пишуваат во тетратки и да ја подобрат писменоста. Сметаат дека своерачното пишување помага за подобро помнење, вежбање на ракописот и полесно совладување на материјалот. Посочуваат дека децата сè почесто имаат потешкотии со читањето, пишувањето и основните математички операции.

Граѓаните се децидни дека децата полека забораваат да читаат и пишуваат, бидејќи сè помалку имаат навика да посегнат по книга или да пишуваат на хартија.

Шведска постепено го намалува користењето на дигиталните уреди кај најмладите ученици и се враќа кон традиционалниот начин на учење – читање печатени книги и пишување со пенкало на хартија, со цел подобрување на писменоста, концентрацијата и основните вештини кај децата.

Ева Тушевска, М-Нет