Д-Фестивал оваа година по вторпат во Штип, со тридневна програма од 26 до 28 јуни, бесплатен влез и полна музичка програма

Д-Фестивал и оваа година ќе се одржи во Штип, од 26 до 28 јуни. Како што истакнаа организаторите, станува збор за 16-то издание на фестивалот и втора година по ред како негов домаќин е Штип. Тие нагласија дека влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, а фестивалот ќе се реализира во својот полн капацитет, со богатата музичка програма и сите дополнителни активности и содржини по кои е препознатлив. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изрази особено задоволство што Д-Фестивал втора година по ред го избира Штип за свој дом, оценувајќи дека настанот претставува значаен придонес за културниот живот на градот и можност за промоција на Штип како регионален центар за музика и култура.

„Навистина ми е чест, задоволство и гордост што Д-Фестивал својот дом го најде втора година по ред во Штип. Тоа е доказ дека Штип е град на културата, град на уметноста, град на фестивалите и навистина е едно летно освежување за целиот исток и за нашиот град, затоа што Д-Фестивал ќе овозможи три дена во Штип да има илјадници посетители не само од источниот регион, од пошироко, од државата, така да од локално економски аспект има огромно значење, но дополнителлна вредност е самиот Д-Фестивал во Штип, затоа што шири вистинска уметност и култура.“- Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип

Според организаторите, одлуката фестивалот да биде бесплатен е донесена во период кога културата се соочува со бројни предизвици, а поддршката на домашната музичка сцена е поважна од кога било. Тие нагласуваат дека Д-Фестивал има за цел да им даде простор и видливост на македонските артисти, истовремено поврзувајќи ги со светски познати музички имиња. На тој начин, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидна и квалитетна програма која ги спојува домашната и светската музичка сцена.

„Годинава решивме дека Д-Фестивал повторно ќе ги отвори вратите за сите посетители и сите ќе можат бесплатно да ја проследат целата програма на Д-Фестивал. Оваа одлука ја сметавме важна бидејќи се наоѓаме во услови кога културата се наоѓа во една своевидна криза, во еден период на криза и сметаме дека е многу важно да направиме сите што е можно повеќе за да застанеме на силни нозе прд се преку подржување на македонски артисти, преку давање на публикстс да има допир до она што значи „Нова Македонска музика“, до веќе докажани македонски имиња, но цел е сите тие македонски учесници да ги споиме со она што значи „Светски џет-сет“ и на тој начин да направиме еден навистина квалитетен фестивал на кои што ќе можеме да се гордееме. Би се префрлил на програмата, најпрво музичкиот дел кој што верувам дека најмногу ги интересира сите, меѓутоа сакам да напоменам дека голем дел од нашиот фокус е и на тие дополнителни активности кои Д-Фестивал ги нуди и го прават вистински фестивал. Што се однесува до музичката програма можам да набројам имиња како Борис Брејча, Диџеј премиер, Дистракшн, Страјк, Дупер, Констракта, Марко Настич и многу други. Имаме и гости од мексико, имаме македонски беднови, Фикшн, Хајка, Кем.“

Во поглед на програмата, организаторите истакнаа дека на сцена ќе настапат светски музичари, балкански, а исто така простор ќе се даде и на домашните изведувачи.

Организаторите истакнаа дека фестивалот ќе има пет сцени, ќе има пазарџии кои ќе ги изложат своите производи, фестивалот дополнително ја истакнува и уметноста со тоа што ќе се овозможи и простор за уметници и кретивци да ги продадат своите уметнички рачни изработки

Дајана Сандева, М-Нет