
По завршувањето на онлајн Општинската Конференција на ОО СДСМ Штип, делегатите едногласно го усвоија д-р Сашко Николов за предлог кандидат за градоначалник на Општина Штип. Д-р Николов, беше предложената можна опција која денеска официјално е потврдена. Тој е доктор кардиолог, кој работи на Клиничката болница во Штип. И покрај кандидатурата за градоначалничката фотелја, не се откажува од можноста да им помогне на неговите сограѓани на кои тоа им е најпотребно. Денеска до полноќ, истекува рокот за поднесување на предлозите за кандидати за градоначалник на градот по Исарот. Предвремените Локални избори во Штип се закажани за 13 декември. Ова се втори предвремени избори оваа година, и втори избори за време на пандемија на ниво на државата. Истите се закажани откако претходниот градоначалник на Општина Штип, Благој Бочварски беше преименува за Министер за транспорт и врски.
Лаура Стојанова М нет