
Поставена нова бандера на влезот во Штип. Откако пред неколку дена граѓани од населбите Македонка и Балканска реагираа за опасноста од бандерата која беше уништена на пола, денеска екипи од ЈП Стипион излегоа на терен и ја заменија истата. На местото на старата бандера е поставена нова, а корекции има и на останатите на кои имало потреба од тоа.
Директорот на ЈП Стипион, Кирил Зајков во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека се реагирало за доброто на граѓани.
„По претходна реакција од страна на граѓаните, бандерата која беше уништена денеска е променета. На незјино место поставиивме друга, нова бандера, а корекции имаше и на останатите кои имаа потреба од тоа. Ова е со единствена цел да им излеземе во пресрет на потребите на грѓаните и да го направиме просторот безбеден за нив. Не дозволивме да се случи несреќа, и еве бандерата е променета“ – кажа Зајков за М-Нет телевизија.
Уништената бандера во таква состојба била повеќе од три години, како што претходно посочи Зајков, но сега веќе не преставува опасност ниту за минувачите, ниту за возачите. Во тек сѐ уште на излезот од Штип се активности за расчистување на просторот околу патот.
Лаура Стојанова М-Нет