
Убаво време, полни тезги, раздвижено на пазарот во Кочани денеска, ама побарувачката остана речиси иста како и претходните четвртоци. Продавачите велат дека ја сфаќаат моменталната ситуација бидејќи народот нема пари, па затоа побарувачката е слаба. Цените ниски, трошоците високи, па едвај се трошеше и беровскиот компир. Дополнителен проблем за нив е скратениот период за продажба, односно ако претходно купувачи имало до 17 часот сега има едвај до 13. Но се надеваат дека со подобрување на временските услови ќе се подобри и побарувачката на пазарот.
„Како и секој пазарен ден се чувствува мала осека. Порано речиси до 17 часот имаше купувачи, а сега народ има едвај до 13 часот. Тоа време пазарот е речиси празен. “ – велат продавачите.
Повозрасните граѓани во Кочани кои рано наутро излегле на пазар велат дека цените на дел од производите се добри, но друг дел држат високи цени. Согласни се дека примањата се ниски и тоа е главниот проблем поради кој мора да прават избор што ќе купат. И денеска најзастапени беа сеознското овошје и зеленчук, домашни јајца, ракија, мед и слично.
Лаура Стојанова М-Нет