Градоначалникот на Лозово тврди дека прилогот е со одбрани кадри и однапред подготвено сценарио, жителите со спротивни реакции

По прилогот на М-Нет телевизија, во кој жители на Општина Лозово се пожалија на неасфалтирани улици, лошо улично осветлување, дупки, кал и квалитетот на водата за пиење, градоначалникот Бошко Цветковски, јавно на социјални мрежи објави дека прилогот има одбрани кадри и однапред подготвени сценарија. Тврди дека општината има современо, енергетски ефикасно улично осветлување, реконструирано и заменето во сите населени места. Тој посочува дека прикажаната улица, токму на денот на објавувањето била во фаза на подготовка за асфалтирање.
Дополнително за водата вели дека редовно се испитува од сертифицирана лабораторија при Центарот за јавно здравје. Постојат позитивни лабораториски извештаи кои потврдуваат дека водата е исправна и безбедна за пиење. Пишува дека на сите овие видеа постојано се појавуваат истите десетина луѓе, со истите обвинувања и истите обиди за создавање негативна слика?

Но, сепак жителите имаат поинакво мислење.

Инаку, градоначалникот Цветковски и натаму тврди дека Лагата можеби ќе направи врева, но вистината секогаш ја стигнува!

Иван Митев, М-Нет