
Гоце Седлоски повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) му се заблагодрија на Седлоски за досегашната работа, посветеност и професионалниот однос.
Седлоски на селекторското столче се задржа нешто помалку од една година, односно беше промовиран во месец декември 2025 година. Во текот на 2026 година под водство на Седлоски немавме ниту една победа, а постигнавме само еден гол.
Македонија во рамките на Б-дивизијата на Лигата на нации имаше катастрофален учинок со шест порази и гол разлика од еден постигнат и дури 15 примени гола и нула бодови во група со Швајцарија која беше прва, Словенија која беше втора и Шкотска која беше трета.
Претходно, Седлоски ја водеше Македонија и на баражот за Светското првенство но загубивме од Данска со 4:0, а потоа со Ирска одиграме 0:0, истиот резултат беше и на пријателската со БиХ, а од Турција загубивме со 4:0 на пријателски меч.
Новиот селектор го очекува баражот на Македонија за опстанок во Б-дизиијата на Лигата на нации против Кипар. Првиот меч Македонија против Кипар го игра во гости на 25 март, а пак реваншот е во Скопје на 28 март.
Александар Ванев, М-Нет