
Второто коло во Трета лига регион 4 донесе нов висок триумф за Победа, но и полна трибина на Градскиот стадион во Прилеп, откако прилепчани со 10:0 славеа над Влазними Јуниор, а на победа се радуваше и Борец кој со 1:3 славеше над Питу Гули.
Новајлијата Победа од Пепелиште со 1:2 го доби Башкими од Јаболшите во гости, а пак Росоман со 3:2 славеше домашна победа над Бучин. Превалец брзо го преброди поразот од првото коло и со 3:0 славеше над Ултрас.
Венец со 1:6 го декласираше Млекар, а пак Големо Коњари славеше со два гола во финишот над Вардар Неготино, во дерби на двата лански второлигаши.
Во регион 1 исто така се играат мечевите од второто коло, каде фаворитот Илинден имаше највисока победа од 7:1 над Ржаничино, Студеничани и Беса Сарај ги поделија бодовите во единствениот меч без голови, Кул Здравје и Њу Старс одигара реми од 2:2.
БВК Коњаре со 3:1 на домашен терен го доби Башкими Љуботен, дебитантска победа забележа Перпарими над Фортуна од 2:0, а пак Аеродром го доби Марино со резултат од 0:2.
Во регион два во рамките на втората рунда Куманово како фаворит славеше над Липково со 4:1, минимална победа со гол во 95. минута забележа Пчиња над дебитантот Академија Осогово од Крива Паланка.
Во ефикасен меч со пет гола Јуниор ја доби Победа од Тромеѓа со 2:3, а тимот на Речица славеше со 1:3 над Козјак во Старо Нагоричане. Беса од Слупчане имаше победа од 1:2 над Влазними од Оризари.
Втората рунда во Трета лига регион пет донесе голема победа за Кравари од 4:0 над Света Троица, како и на Влазерими од Кичево кој со 2:5 го доби Демир Хисар во гости. За гостинот ова беше прв натпревар во новата сезона, откако во првото коло беше слободен.
Крошу Спорт славеше минимална победа од 2:1 над ланскиот второлигаш Преспа, со што тимот од Ресен забележа нов пораз.
Чардак на домашен терен загуби од кичевски напредок со 1:2, додека пак Напредок од Ношпал со 2:0 беше сиурен над Караорман.
Мечот меѓу Могила и Баир Спорт не се доигра, откако истиот бил прекинат, за што дополнително ќе следат официјални информации во однос на истиот.
Големи победи донесе второто коло и во Трета лига регион 6 каде Дрита со 1:5 ја доби Речица, а пак Лирија со 3:5 славеше над Јехона. Најубедлив беше Гостивар кој со 0:6 славеше над Градец, а пак Џепчиште пред домашната публика славеше победа над Љуботен од 4:2.
Трите бодови остана во Дебар откако Кораб со 2:1 ја доби Цетинска, а пак Доброште и Скендербег ги поделија бодовите откако одиграа 0:0.
Александар Ванев, М-Нет