
Топлото време придонесе за раздвиженост и овозможи штипјани во голем број да ги набават потребните продукти на градскиот пазар во Штип овој петок. На пазарот имаше и купувачи и доволно производи за побарувачката, но во однос на цените мислењето беше поделено. За дел од анкетираните цените се повисоки од минатиот петок, други сметаат дека се пониски, а има и некои кои не воочиле разлика.
„Има доста роба и народ, добро е. Ама поскапи се цените.“
„Нормално е, мислам дека ќе биде добро. Исто е за разлика од минатиот петок, нема некоја промена.“
„Па добар е, има пазар. Сега е поефтин од минатиот петок, и краставичките се поефтини и карфиолот.“
„Па има, обично, толку е. Да ви кажам не сум била минатиот петок, а и сега доаѓам и не знам колку се цените.“
„Сега доаѓаме, ама скапо е, за нас со мали пензии е скапо.“
Од пазарниот ден задоволни се и продавачите. Но бидејќи периодов најмногу се купува овошје и туршија, производителите и продавачи на ориз велат дека не ги продаваат своите производи во голема мера.
„Има доста побарувачка, има и производи, одлично е денеска. Најмногу се купуват краставичките, карфиолот и овошјето.“
„Многу не се трошат оризот и гравот, бидејќи луѓето повеќе купуваат домати и крставици, има луѓе ама се подготвуваат за туршија и зимница согласно сезоната.“
Главно, од пазарниот ден задоволни беа и купувачите и продавачите. А сончевото време секако беше фактор за голема развиженост низ градот.
Ребека Спасова МНет