
Кошаркарите на ГКК Штип утре ги очекува гостување кај МКК Куманово, во меч од 2. коло на Суперлигата.
Дуел на две екипи кои ќе го бараат првото сезонско славје, откако двете екипи претрпеа порази.
Штип загуби на домашен терен од Тиквеш со високи 65:93, додека пак Куманово загуби кај МЗТ Скопје во реприза на Суперкупот со резултат од 85:77.
Натпреварот се игра во „Спортска“ во Куманово со почеток од 18 часот.
Во ист термин ќе стартува и дуелот меѓу Работнички и Тиквеш, а пак еден час подоцна во Гевгелија ќе се одигра дуелот на Кожув и шампионот МЗТ Скопје. Амбициозниот домаќин ќе ги предизвикува „штрковите“.
Колото се затвара во недела со дуелот во спортската сала „Парк“ меѓу Струмица и Пелистер.
Инаку, втората рунда беше отворена вчера, ТФТ со 102:98 го доби Скопје.
Александар Ванев, М-Нет