
Репрезентативната пауза на сениорската репрезентација и како и паузата поради настап на аматерската репрезентација на Македонија на турнир во Србија направија второлигашите да имаат густ распоред, пред нив се три натпревари во седум дена.
Утре ќе се одиграат натпреварите од 5. коло, а пак среда (25. септември) ќе се одиграат натпревари од четвртото коло, додека пак в сабота на 28. септември на програмата ќе бидат натпреварите од 6. коло.
За второлигашите ова ќе биде доста тежок период бидејќи во многу кратко период им се собираат многу натпревари. Арсими утре ќе биде домаќин на Новаци, во среда му следува гостување во Прилеп кај Победа, а веќе в сабота (на 28. септември) ново гостување во Македонска Каменица кај екипата на Каменица Саса.
Две далечни гостувања во многу краток период, ваквиот распоред е повеќе од тежок.
Клубовите мораат да бидат крајно претпазливи да ротираат играчи да имаат свежина во своите редови и најважно да внимаваат да не им се повреди клучен играчи бидејќи е почеток на првенството.
Ваквиот густ распоред ќе биде вистински предизвик за второлигаши за нивната подготвеност.
Александар Ванев, М-Нет