Возете одговорно – РСБСП со апел до учесниците во сообраќајот во пресрет на 1 Мај

Возете одговорно – во пресрет на денот на трудот 1 мај, РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообрачајните правила и прописи.

„Во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места,  затоа потсетуваме: Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици. Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол. Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот. Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта. Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот.Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања.Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на истите задолжително на глава да носат сигурносна опрема – кацига.“ – стои во апелот од РСБСП.

Почитувајте ги пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот и не заборавајте – секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас!

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет