
ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов покажаа дека не можат да реализираат ниту еден капитален проект кој е од витално значење за граѓаните, истакнаа декнеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Жителите од населба Македонка користат технички неиспитана вода за пиење, СДСМ започна со изградба на водоводниот систем, а втората фаза требаше да биде завршена од страна на новата Локална Власт во Штип , но таа трае цела вечност велат од СДСМ.
„Со реализацијата на овој проект жителите требаше да добијат квалитетна вода од градскиот водовод. Проектот е изготвен од локалната власт предводена од СДСМ со инвестиција од вредност од речиси седум милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, со што е изградена примарната водоводна мрежа во должина од 1,1 километар.
По оваа фаза следуваше изградба на секундарна водоводна мрежа, со должина од 1350 метри со вредност од 3 милиони денари, која остана на новата локална власт да ја заврши.
На известувањето кое го добија жителите на 14ти февруари годинава дека ќе се започне со градежните активности, фалеше само дека изградбата на секундарната мрежа ќе трае цела вечност.
Се наоѓаме на средината на месец мај, а се што може да се забележи се раскопани јами и раскопани улици, кои се само обична маска дека нешто се работи.“ – кажаа од СДСМ.
На ова градоначалникот Иван Јорданов во писмено соопштение одговори дека за разлика од претходно сега се работи одговорно.
„За разлика од порано сега се работи темелно и квалитетно, реализираме капитални проекти кои се од суштинско значење за граѓаните. Луѓето кои цела година ја оставија раскопана улицата „Панче Караѓозов“ и натрупаа милионски долгови во јавните претпријатија немаат никакво право да зборуваат за работата на оваа Локлана самоуправа која за само шест месеци реализира повеќе проекти, отколку тие за четири години“ – кажа Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет