Во ФФМ се одржа работен состанок со комесарите за безбедност во клубовите од Првата лига

ФОТО: ФФМ

Во пресрет на новата сезона во домашниот шампионат, Комисијата за безбедност при Фудбалската федерација на Македонија одржа средба со комесарите за безбедност на клубовите членови на Првата македонска фудбалска лига.

На состанокот беше разгледан извештајот за безбедност на натпреварите од вториот дел во сезоната 2025/2026, а потоа комесарите на клубовите се запознаа со основните активности кои се предвидени во Правилникот на УЕФА и ФФМ за сигурност и безбедност, Законот за насилство и недостојно однесување на спортските натпревари како и Законот за спорт.

На клупските комесари за безбедност им се презентираа активностите за заштита на интегритет и борба против лажирање на натпревари.

Александар Ванев, М-Нет